Милитанти од организацијата ИСИС ја напаѓаат руската авио-база, пренесуваат руските медиуми. Тие исто така пренесоа дека руските маринци се судриле со ИСИС во недалата близу до Латакија во Сирија. Во текот на оваа борба маринците убиле повеќе припадници на милитантната организација, додека некои од нив биле фатени во текот на обидот да ја нападнат авио-базата која ја користи руската војска, пренесе рускиот весник „Севодња“.
Она што е интересно е деталот што го споменува рускиот весник, а тоа е дека џихадистите „имале детален план на авио-базата и јасни сателитски слики со обележани клучни воени објекти“. Во врска со тоа треба да се потсети дека Русија ја користи оваа база само една недела. Значи се поставува прашањето кој на ИСИС му побезбедува вакви видови на разузнавачки информации.
Руската активност на аеродромот се засили во петокот по пристигнувањето на напредните руски борбени авиони, вклучувајќи го Su-30SM Flanker-e, кои претставуваат приближни еквиваленти на американските воени авиони F/A-18F Hornet. Овој авиот се смета за еден од најнапредните во рускиот инвентар со унапредена авионика и широк спектар на достапни оружја. Планирано е до следната година на руските сили да им се достават уште 60 вакви авиони.
Русија достави тенкови, артилерија и борбени хеликоптери во Сирија и ја крена комуникацијата со војската на САД на високо ниво, за да не дојде до недоразбирање на теренот, кои би довеле до конфликт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.