Теоретичарите на завери секојдневно се опседнати со „Област 51“, која се наоѓа во Невада и која според мислење на многумина е центар за тестирање на тајни американски авиони, а според некои е дури и место на кое американската влада врши тестирања со вонземјани.
„Област 51“ (Area 51) во Невада и понатаму останува мистерија. Од кога во 2013 CIA јавно призна дека таа постои, истражувачите на вонземјани не престануваат да се опседнуваат со оваа подрачје, а фактите за „Област 51“ кои ќе ги прочитате во продолжение се повеќе од интересни, а вие сигурно не сте ги знаеле.
„Област 51“ некогаш била позната под името Рајски ранч (Paradise Ranch)
Оваа подрачје е познато и како езерото Грум, а првото име било навистина Рајски Ранч. Подоцна било користено само името Ранч, а се со цел оваа место да привлече нови работници.
Во околината на оваа воена база постои јавна куќа уредена според мотиви од научно-фантастични филмови кои се занимаваат со вонземјани.
Подрачјето околу „Област 51“ наводно е покриено со сензори за движење
Се шпекулира дека е поставен и електронски систем за надзор за да се избегне некој потенцијален аутсајдер. Воздушниот простор над областа е затворен, а секој кој тука лета без дозвола го крши законот.
Луѓето кои работат во „Област 51“ сакаат да јадат јастози
Секоја недела постои вечера со бифтек, но тогаш исто така се служи и јастог. Сигурно се прашувате како пустинска воена база која се наоѓа изолирана од светот ги набавува овие јадења?
Одговорот лежи во тоа што тие тестираат воени летала така да кога им наредат да летаат ширум земјата, обавезно мораат да слетат во Мејн за да ја соберат споменатата храна.
Во „Област 51“ е забележан НЛО
Оваа година љубителите на вонземјани и НЛО, „побеснеа“ кога еден огромен објект, кој по изгледот потсетува на вонземјанско летало е транспортитан во непосредна близина на „Област 51“. Но, да се работеше навистина за НЛО, сигурно CIA ќе смислеше друг начин за нејзино транспортирање, некој кој нема да го забележат обичните луѓе.
Воената база има простории за забава и одмор
За време на Студената војна немало толку телевизии, а радио сигналите се простирале само преку планината во текот на ноќта. Меѓутоа, војниците стационирани во оваа воена база имале на располагање тениски терен и сала за куглање за да се опуштат.
Војниците од „Област 51“ требало да учестуваат во креирањето на филмот „Ден на независност“
Американската војска наводно требала да помогне со костими, опрема и луѓе за снимање на овој филм кој се занимава со инвазијата на вонземјани на Земјата. Меѓутоа, договорот за соработка е откажан затоа што креаторите на овој филм не сакале да ја изостават „Областа 51“ од филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.