Научниците ширум светот ги признаа нејзините благотворни дејства врз организмот и препорачуваат редовно да се консумира. Постојат многу начини за тоа да го направите, а еден од можеби и најдобрите е токму златното млеко. Се работи за куркумата, кралицата на зачините.
Куркумата е зачин со специфично интензивна жолта боја кој што му помаѓа на процесот на варењето, има антивоспалително дејство, помага во спречување на дијабетесот и губитокот на меморијата. Исто така, овој моќен зачин се бори и против депресијата.
Највкусниот начин да го консумирате овој зачин е златното млеко. За да го направите потребно е најпрво да направите паста, а потоа млеко.
Потребни состојки:
За паста: 4 мали лажички куркума, ½ мала лажичка црн бибер, 120мл вода.
За млеко: 250мл млеко, ½ лажица масло, ¼ лажица паста од куркума и малку мед за подобрување на вкусот.
Подготовка:
Ставете ги сите состојки за пастата во тенџере, на тивок оган. Мешајте, а потоа тргнете го садот од огнот и ставете ја пастата во стаклена тегла која што ќе ја ставите во фрижидер за смесата да се излади.
Кога пастата ќе се олади, додадете ѝ го млекото и маслото, и ставете ги на тивок оган да се згреат. Гответе сè додека смесата да биде пред зовривање. Потоа тргнете ја смесата од огнот и додадете мед по вкус.
Се препорачува златното млеко да се пие на празен желудник, најдобро наутро и пред спиење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.