Во Собранието се гледаат два различни концепти. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата за подобра Македонија избраа и на денешната седница, но и на претходните десет, да поставуваат прашања кои до нив ги доставиле граѓаните и кои се од директна и конкретна полза на нив. Пратениците од СДСМ очигледно одлучија да поставуваат прашања кои само нивната партија ги нарачува, а немаат никаква конкретна полза или интерес за граѓаните.
Ова го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната прес конференција.
Следува интегралниот текст од обраќањето на Димовски.
Пратеничките прашања се институт, предвиден со Деловникот за работа на Собранието, со кој пратениците може да ја прашуваат Владата или други избрани функционери за работа од нивната надлежност и делокруг. Тоа е наше право и наша обврска и ние таа обврска ја работиме веќе подолго од една година.
Пратениците во Собранието на Република Македонија имаат целосно право да изберат дали пратеничките прашања ќе ги користат во полза на граѓаните, нивните проблеми, барања и поплаки или ќе ги користат во полза на тесниот партиски интерес на партијата на која и припаѓаат.
Ние овде, во Собранието имаме право да избереме дали ќе бидеме портпароли на партиите од каде доаѓаме или на граѓаните кои не избрале.
Во Собранието се гледаат два различни концепти. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата за подобра Македонија избраа и на денешната седница, но и на претходните десет, да поставуваат прашања кои до нив ги доставиле граѓаните и кои се од директна и конкретна полза на нив.
Пратениците од СДСМ очигледно одлучија да поставуваат прашања кои само нивната партија ги нарачува, а немаат никаква конкретна полза или интерес за граѓаните. Пратениците на СДСМ очигледно се само пратеници на својата партија, но не и на граѓаните. Тоа го видовме кога одлучија да не доаѓаат на работа, но за жал го гледаме и денес кога одлучија да поставуваат прашања кои се интересни само за нивното партиско раководство.
Да потсетам дека нашата пратеничка група има редовни контакти со граѓаните преку организираните посети на сите населени места и урбани заедници, но и преку контактот со граѓаните во пратеничките канцеларии.
Како директен резултат, пратениците на ВМРО-ДПМЕ и Коалицијата за подобра Македонија до сега имаат поставено близу 250 пратенички прашања кои потекнуваат од граѓаните и се од нивен директен интерес. Огромен број на конкретни барања на граѓаните, како резултат на пратеничките прашања, се решија или се во процедура да се решат. Ние сме горди заради тоа што сме помагале на граѓаните.
Дозволете ми да набројам само мал дел од барањата и проблемите кои нашите пратеници ги поставиле како пратенички прашања, а биле решени или веќе се во процедура на разрешување.
- во тек е реконструкција на локалниот пат од с. Кажани до Ѓавато (поставено прашање од Лилјана Кузмановска)
- завршена е целосна реконструкција на патот Сиричино Шемшево (поставено прашање од Светлана Карапетрова)
- во тек е комплетна реконструкција на кардиолошкиот центар во болницата Св. Ерзазмо во Охрид (поставено прашање од Сашо Василевски)
- во тек е реконструкција на патот од Струга до Радожда (прашање поставено од Момчило Аврамовски)
- се донесе закон за признавање на стажот на земјоделците од 1978 до 1988 кој е плаќан, а не беше признат, по Законот за старосно осигурување на земјоделците (поставено прашање од Ромео Тренов)
- реконструкција и санација на патот од Демир Хисар до Крушево (поставено прашање од Соња Талевска)
- во тек е реконструкција на патниот правец Ново Село – Маврови Анови (прашање на пратеникот Алим Билали)
- се измени регулативата и веќе се издадени првите регистарски таблички со ознаки ДБ за граѓаните на Општина Дебар (поставено прашање од пратеникот Фатмир Имероски)
- започна проектот за конзервација на археолошкиот локалитет Виничко Кале (прашање од Магдалена Манаскова)
- отворена е Брза Помош во с. Лабуништа за која во моментот има тендер за доградба (прашње од Нола Исмајлоска)
- се легализираа многу индивидуални стамбени објекти на граѓани на Општина Кавадарци и Општина Аеродором кои до сега не беа опфатени со законот (иницирано прашање од пратениците Весна Пемова и Драган Данев)
- започната е изградба на повеќенаменско игралиште во с. Кетеново (поставено од пратеникот Марјанчо Колевски)
- започнат е проектот за канализациона мрежа во с. Калуѓерица и с. Воиславци (прашање на пратеничката Нада Ципушева)
- обезбеден е мамограф во Крива Паланка (поставено од Слаѓана Митовска)
- се обезбедија средства за реконструкција на училиштето Даме Груев во с. Ерџелија (прашање од пратеникот Благица Ласовска)
- започнато е инсталирањето на ново парно греење во училиштето Кире Гавриловски во Прилеп (Ане Лашкоска)
- Владата донесе заклучоци за интервенција на мост во с. Богомила (Илија Димовски)
- веќе започна со функционирање проектот Подвижни аптеки во општина Маврово – Ростуше (прашање од Алим Билали)
- во тек е реконструкција и санација на патот Демир Хисар – Прилеп, преку село Бучим (поставено од Соња Талевска)
- започната реконструкција на патниот правец Мокрино – Смоларе (прашање од пратеникот Ромео Тренов)
- скоро е завршена доградбата на водоводот во селата Луково, Нерези и Пискупштина во Струга (прашање на пратеникот Момчило Аврамовски)
- во напредна фаза е реализација на изгррадба на канализација во с. Брвеница (прашање од Светлана Карапетрова)
- на терен е донесена механизација за почеток на рехабилитацијата на локалниот пат од Горно Оризари до Кркино во Општина Битола (прашање иницирано од Лилјана Кузмановска)
- интензивно се чисти коритото на река Црна во Општина Прилеп и околните општини (прашање од Ане Лашкоска)
- се реконструираше патот од с. Амзабегово до с. Црнилиште во Свети Николе (поставено од Благица Ласовска)
- реализиран е проектот за водоснабдувачки систем на Станечка река и доопремување на филтер станица за вода за пиење во Крива Паланка (прашање на Слаѓана Митовска)
- се гради инфраструктурата во ТИРЗ Прилеп (прашање од Ане Лашкоска)
- започната е процедура за обезбедување на биохемиски анализатор и ехо-апарат во Свети Николе (прашање поставено од Благица Ласовска)
- започнато е со проектирање на проект за санација на свлечиштето во село Железница (прашање на Марјанчо Колевски)
- се изгради игралиште и нова спортска сала во село Лабуниште (прашања поставени од Нола Исмајлоска)
- во напредна фаза е проектот за реконструкција на училиштето во село Фалише (прашање иницирано од Светлана Карапетрова)
- се заврши проектирањето за изградба на регионален пат од Старо Коњарево до Ново Коњарево (прашање од Ромео Тренов)
- се гради објект за основно училиште во село Боровец (поставено од Нола Исмајлоска)
- реконструиран е покривот на училиштето во село Мислешево (иницирано прашање од Лилјана Затуровска)
- започната постапка за отворање на првиот археолошки локалитет во село Граиште – Демир Хисар (поставено од Соња Талевска)
- се анализира состојбата и можноста за археолошки истражувања на локалитетот Велешко кале, јужно од Велес (иницирано од Илија Димовски)
Бројот на прашања и решени проблеми е голем, дозволете ми овде да завршам со набројувањето, но дозволете ми да потенцирам дека низ пратеничките прашања нашата пратеничка група помогна на илјадници граѓани и на многу населени места низ територијата на цела Македонија.
Ова се конкретни прашања за конкретни проблеми и не е празно политиканство. Овие прашања се побарани од граѓаните, а не од партиските раководства. Ние не дозволивме пратеничката говорница да биде партиска говорница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Српските пратеници во иднина не ќе можат да преминуваат во други партии
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било