Целта е, нагласи, креирање што поголем број работни места, односно натамошно намалување на стапката на невработеност која веќе од 38 проценти падна на 26 отсто.
– Ако сакаме забрзан развој, мораме да ги привлечеме странските компании зашто не е целта само отворање работни места, туку и пренесување на знаења и нови технологии. Идејата е всушност, со отворањето едно работно место во странската компанија, да се отворат уште две до три кај домашните фирми кои би вршеле услужна дејност или би биле добавувачи, истакна Пешевски.
Според него, доаѓањето на странски инвеститор во земјава и реализирањето гринфилд инвестиција порано беше мисловна именка, а сега, не само што е реалност, туку и се повторува. За тоа придонесоа економските политики, но и низата на промоции и претставувања на бизнис можностите на Македонија во странство. Се проценува дека се отворени преку 10.000 директни и најмалку уште толку индиректни вработувања.
– Невработеноста е комплексно прашање кое бара сложен сет мерки. Затоа и ги поделивме во неколку категории: за подобрување на бизнис климата, а насочени кон домашните инвеститори, за привлекување странски вложувачи, за јавните претпрпијатија и акционерските друштва во доменот на инфраструктурата каде државата е главен инвеститор,…, кои придонесоа градежните компании да креираат нови работни места, напомена Пешевски и додаде дека ваквиот тренд продолжува.
Состојбата со невработеноста во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, посочи вицепремиерот, беше далеку од поволна. Затоа, се што се преземаше беше во насока на подобрување на даночниот систем, намалување на даноците на добивка, на определени стапки на ДДВ, намалување на давачките за придонеси за палти, концептот на бруто плата,… – Но тоа не е доволно, да имате ниски даноци. Се работеше и на многу други аспекти, се преземаа низа активни мерки како проектот Македонија вработува, реформите во Катастарот, Царината, па и во казнената политика… Се тоа придонесе за креирање нови работни места, рече Пешевски.
Во пладневниот дел од собраниската седница на која беа поставувани пратенички прашања, стана збор и за состојбата во студентските домови, за изградбата на патната инфраструктура, за обезбедувањето повеќе средстваза мониторинг на загадувањето во водата, воздухот и почвата,…
На прашање на Лилјана Поповска за законот за зеленило, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски рече дека веќе се подготвува нацрт текст на законот за зеленило и дека ќе го достават на наредната седница. Ја повика Поповска да се вклучи во подготовката, а пратениците да дискутираат и заедно да го усогласат текстот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.