Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица.
Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години, пишува Библијата
Овој ден е посветен на добротворството и мисионерството и според верувањето денеска треба да се подари нешто. Бидете милостиви, но не со гордост и надменост туку со смиреност и почит кон оној на кого се подарува. Доблеста не е доблест, ако тоа се меша со гревот, како што се млекото не е млеко, кога се меша со гас или оцет, поучува црквата.
Именден празнуваат: Ана, Јана, Јаника…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…