| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина и Бред се расправаат околу посвојувањето деца од Сирија

Џоли фрла со ножеви кога Бред ќе добие повик од Џенифер

По веста дека брачната двојка Пит-Џоли посвојува дете од Сирија, според пишувањата на американски таблоид, дошло до разидување меѓу Бред Пит и Анџелина, бидејќи популарната актерка инсистирала да посвои три момчиња.

Тие, најверојатно ќе добијат уште еден член на семејството, а според пишувањата на „Радар онлајн“, популарната актерка Џоли неодамна запознала три сириски деца, кои моментно живеат во сиропиталиште.

Џоли била потресена од нивната приказна, но популарниот актер смета дека девет деца се премногу и дека не можат да им се посветат на сите еднакво.

Исто така, актерот бил загрижен како шестте деца ќе ја прифатат промената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top