| четврток, 6 декември 2018 |

Прскање против комарци во Скопје

Во сабота и недела (26 и 27 септември) ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција против комарци на територијата на градот Скопје.

Како што соопштија од Градот Скопје, петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, против комарци, ќе се одвива во сабота и недела во период од 5:30 до 8 часот. Аеросолната дезинсекција (терестрична)  ќе се одвива во деновите од 27 септември до 1 октомври во период од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, дека авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top