| четврток, 6 декември 2018 |

Србите утехата за разочарувачкото четврто место ја најдоа во алокохолот!

Дел од српските кошаркарски репрезентативци вечерта по завршувањето на Европското првенство во Лил и пред нивното заминување назад за Србија се релаксирале во еден ноќен клуб во Франција и испиле 12 шишиња „греј гус“ вотка.

srpski kosarkari

Во понеделникот, на слободната вечер што ја добиле, Мирослав Радуљица, Немања Недовиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Симоновиќ и Никола Милутинов, без другите репрезентативци, се забавувале до раните утрински часови во еден локал во Лил, а сметката што морале да ја платат изнесувала повеќе од 2.000 евра.

srpski kosarkari 2

За атмосферата во друштвото бил задолжен Радуљица, кој ги забавувал другите гости на сепарето, додека Недовиќ не бил разочаран и се фотографирал и позирал со сите присутни.
Кошаркарите, по напорното лето и подготовките за Евробаскетот и разочарувачкото четврто место, се решиле да се отпуштат со алкохол. Тие веднаш по заминувањето од Лил мора да им се посветат на тимските обврски бидејќи сезоната во националните првенства само што не почнала.

srpski kosarkari 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top