Близнаците, Вагата и Водолијата се склони на менување на партнери, а Ракот, Шкорпијата и Рибите се најпосветени. Огнените знаци Овен, Лав и Стрелец се склони на длабоки емоции, но не на долги патеки.
Овен
Брзо и интензивно се вљубува, пребрзо се врзува, а потоа се одалечува. Обично постои период на проценка и преиспитување на чувствата, но типичниот Овен после тоа заминува.
Бик
Родените во знакот на Бикот се верни и посветени. Кога ќе го запознаат избраникот или избраничката се врзуваат за цел живот. Ако сексуалниот живот во врската почне да го губи сјајот – ќе се запраша дали сето тоа има смисла. Најверојатно во тој случај ќе ве изневери, но нема да признае ни да го напушти парнерот поради тоа.
Близнаци
Близнаците се обидуваат да бидат крајно посветени и никогаш да не ги остават партнерите, но ќе ги тестираат вашите нерви до крајни граници. Близнаците ќе ги фасцинирате така што ќе ги правите љубоморни.
Рак
Ова е знак кој сака да се врзе со само една личност. Не сака игри во врската. Знаат да бидат љубоморни, напорни и несигурни. Кога ќе ја озаконат врската и ќе стапат во брак, Раковите се тука засекогаш.
Лав
Лавовите се обично внимателни. Кога ќе се вљубат се страсни и посветени, но само година до две.
Девица
Овој тврдоглав, практичен знак сака кратко додворување со малку секс. Додека чувствуваат дека во бракот и врската постои материјално богатство и сигурност и доза почит, врската со Девицата ќе трае.
Вага
Вагите се мошне посветени. Склони се на долги врски бидејќи со партнерот се пријатели. Сепак, мошне лесно го менуваат мислењето, еднаш се страсни, потоа студени. Врската со Вагата ќе трае се додека е заинтересирана со настаните во кревет и додека сте подготвени да и посветите големо внимание.
Шкорпија
Шкорпијата е најприврзаниот знак на Зодијакот. Нивните партнери често се приморани да се соочуваат со конкуренција. Тоа создава несигурност и врската може да се распадне после година дена.
Стрелец
Ова е нестабилен знак кој има проблеми со врзување со еден партнер. Ако сакате врската со Стрелецот да ви трае со години, мора да ги подржувате во се што ќе наумат, и да им дадете доволно слобода.
Јарец
Јарецот е традиционален знак кој очекува традиционална врска. Ова е знак кој очекува апсолутна верност и кој ќе остане долго со партнерот. И сексуалните односи и децата се она што ќе го врзе дополнително Јарецот. Неверството ќе биде причина за разделба.
Водолија
Ова е немирен знак, на кој му е тешко да биде долго време со некого. Разнообразието е составен дел од нивниот живот. Личноста може многу брзо да ги фасцинира, но брзо губат интерес. Најдобра шанса да ја задржите Водолијата е да го интригирате неговиот/нејзиниот интелект.
Риби
Ова е еден од најверните знаци на Зодијакот. Кога бараат партнер, бараат за цел живот. Меѓутоа, Рибите знаат и да го изневерат партнерот, но тоа никогаш нема да го признаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.