Позади Марк Зукерберг стои армија добро платени професионалци, чија работа е да се погрижат на таа социјална мрежа се да работи беспрекорно.
Дизајнери, инженери, менаџери, развивачи на софтвери и многу други луѓе имаат работа која е извонредно добро платена.
На листата на најплатени работни места во „Фејсбук“ е местото менаџер на инженеринг, а негова задача е да работи со тим инженери за изградба и управување на специфичен производ. Тоа „чини” 166.661 долари месечно.
Вишиот инженер за софтвер е веднаш зад него. Заработува 160.638 долари, а тоа се луѓе со најдобро искуство во компанијата. Плата од 157.080 долари има “обичен” инженер кој мора да има искуство до 10 години.
Четврти на листата на најплатени луѓе во фирмата Фејсбук е продукт менадџерот, со 147.469 долари, кажуваат податоците на “Бизнис инсајдер”.
По него, петта позиција зазема техничкиот програм менаџер кој ги води основните тимови за управување со различни производи на компанијата, а прима 146.282. долари.
Инженјерот за база на податоци чини 141.635 долари, а научен истражувач заработува 137.134.
Листата на најплатени луѓе ја заклучуваат четвртиoт софтвер инжeнер кој месечно прима 136.833 долари и фронт-енд инженерот со примања од 136.131 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.