Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека Македонија има разработено повеќе сценарија за состојбите со емигрантите кои во зависност од развојот на состојбите понатаму ќе се спроведуваат.
– Мигрантска криза не е од 2015 година, трае неколку години наназад, но како што поминува времето така работите со миграциските процеси ескалираа. Ако на почетокот на годината имавме 400, 500 емигранти, пролетта тој број почна да се зголемува – рече Чавков.
Според него, факт е дека нема една единствена европска рамка за соочување со овој проблем.
Чавков посочи дека Владата на Република Македонија во тој поглед навремено реагираше воспоставувајќи министерско тело, составено од Министерот за внатрешни работи, Министерот за надворешни работи и Министерот за здравство, а со донесувањето на измените на Законот за азил овозможено е овој безбедносен аспект до максимум да се минимизира.
– Овозможен е јавен превоз за емигрантите кои на организиран начин се превезуваат и се пренесуваат. Истите се заштитени да не бидат плен на организирани криминални мрежи, со што понатаму е овозможено да се пристапи кон хуманитарен третман и кон создавање на претпоставки за ефективна регистрација на емигранти – истакна Чавков.
Тој нагласи дека со развивање на Акцискиот план, биле утврдени краткорочни мерки и долгорочни мерки, а сето тоа било потврдено и од страна на ЕУ.
Oдговарајќи на дополнителното прашање на пратеникот Крсто Муковски за соработката со Грција, од каде што бегалците влегуваат во Македонија, Чавков рече дека немало никаква комуникација со таа земја на ЕУ во два-три критични дена во средината на август и затоа Владата на РМ донела одлука за кризна состојба на границите на југ и на север. Рече тоа било апсолутна ескалација кога влегувале по седум до десет илјади емигранти во 24 часа од јужната граница.
– Оставени бевме сосема сами, немавме комуникација со властите од Република Грција, ниту на оперативно ниво. Од другата страна на границата немаше ниту полициски службеници од гранична полиција, ниту од редовна полиција, ниту имаше претставници од хуманитарни организации. За разлика од таму, од наша страна имаше значителен број релоцирани капацитети од гранична полиција, регионални сектори за внатрешни работи, од редовната полиција – истакна Чавков.
Тој нагласи дека Македонија сѐ уште нема квалитетна и ефективна соработка со грчките власти во превенирање и решавање на проблемот во транзит емигранти од Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти