Статистиката покажува дека во 2014 година, 11 деца го загубиле животот во сообраќајни несреќи. Само за првите шест месеци од оваа година бројката изнесува 12 детски животи.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес ги промовираше сообраќајните линијари кои се намененети за децата од основните училишта.
Проектот е реализиран во соработката со Министерството за внатрешни работи, а финансиски помогнат од страната на мисијата на ОБСЕ во Скопје. Ова практично е почеток на кампања насловена „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ која во наредните три месеци ќе се реализира во соработка со МВР, МОН, ОБСЕ и единиците на локалната самоуправа.
Како што изјави Стојче Стаменковски, Претседател на РСБСП, кампањата ќе биде широка и сеопфатна.
-Истата ќе се реализира преку три сегменти: првиот сегмент е денешниот настан за промоција на сообраќајните линијари, вториот сегмент е едукативни предавања кои ќе се реализираат во образовните инситуции во Република Македонија и третиот сегмент се едукативните и промотивни настани во кои свој придонес ќе дадат познати – јавни личности од македонската естрада. Освен ова, значајно е да се напомене дека РСБСП на последната седница донесе одлука за започнување на процес на анализа во кои ќе се утврдува начинот преку кои сообраќајот ќе треба да стане дел од редовниот образовен процес во Република Македонија. По завршувањето на анализата РСБСП ќе излезе со конкретни мерки и активности за реализација на оваа активности. Сите овие мерки се насочени кон подигнување на свест кај сите учесници во сообраќајот и намалување на бројката на деца-жртви во сообраќајни несреќи. – додаде Стаменковски.
Анасатасија Илијоска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи истакна дека МВР активно ќе се вклучи во реализација на оваа кампања. Министерството за внатрешни работи во соработка со РСБСП ќе организира едукативни предавања кои во престојниот период ќе треба да ги посетат сите градинки, основни и средно училишта.
Воедно апелираше на широка општествена поддршка за подигнување на свеста за заштита на децата како учесници во сообраќајот.
Кампања е дел од годишната програма за работа на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а истата е дел од реализација на целите од националната стратегија за безбедност во сообраќајот на патиштата во која е поставена цел “0 деца – жртви во сообраќајни несреќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст