Во селото Јанче и месноста Пилана, денеска свечено беа отворени два нови пункта за откуп на билки, шумски плодови и печурки во Националниот парк „Маврово“, во рамки на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси за поддршка на развојот на секторот собирање на диворастечки производи во општина Маврово Ростуше, започната од 2013 година. Претходно со оваа иницијатива, беше основан и првиот откупен пункт во селото Врбен.
На свеченоста во месноста „Пилана“ во атарот на селото Нистрово, градоначалникот на општина Маврово Ростуше Мукрем Мехмеди, нагласи дека оваа иницијатива позитивно ќе влијае врз подобрувањето на стандардот на локалното население.
– Во нашата општина има многу луѓе кои својата егзитенција ја обезбедуваат со дополнителни приходи преку собирање шумски плодови. Отворањето на овие пунктови ќе им го скрати времето за да им го предадат собраното на откупувачите, а со тоа ќе имаат и поголема заработувачка, рече градоначалникот Мехмеди.
Џенифер Коноли програмскиот директор на УСАИД смета дека преку поддршката за оддржливо собирање, уште многу генерации на локалното население ќе можат да ги корист придобивките од природните ресурси во мавровско-реканскиот крај и во Македонија.
– Со здружените сили на сите засегнати страни во оваа работа, веруваме дека сите ќе можат да ги почувствуваат придобивките од посилен, подобро организиран сектор за собирање диворастечки производи, подвлече Коноли.
За да се воспостави ред и собирањето на шумски плодови да биде во согласност со правилата кои владеат во Национален парк, претходеа обуки и други подготовки.
– Ова е дел од програмата од 10 годишниот план за управување и претставува системско решение. Во рамки на овој проект во мавровскиот регион повеќе од 450 собирачи на билки, шумски плодови и печурки, добија сертифификати за оддржливо собирање на овие производи. Обуките за собирачи ќе продолжат и понатаму. Со тоа сакаме да вклучиме и други заинтересирани лица, пред се од локалното население, изјави Онер Јакуповски директор на НП „Маврово“
Јакуповски вели дека во следна фаза на соработката со УСАИД е да се организра култивирано одгледување на одредени автохтни видови растенија кои се користат за чаеви.
Претходно, преку јавен повик беа одбрани три компании кои ќе вршат откуп и во моментов на територија на паркот ги има три.
При подготовките за отворање на пунктовите, УСАИД донираше опрема во вредност од 5.000 долари, одржа 12 обуки за да ги сертифицира локалните собирачи на диворастечки производи во методите на оддржливото собирање и помогна за Националниот парк да се изгради регулативна рамка за собирањето на диворастечки производи на неговата територија.
Инаку, на ниво на Македонија, обучени се повеќе од 1.500 собирачи.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Швајцарската влада, е четиригодишен проект и е насочен кон отворање нови работни места и економскиот развој на регионално ниво. Проектот има за цел да ги развива партнерствата помеѓу приватниот сектор и јавните институции и да помага во развојот на микро, малите и средните претпријатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст