Зоран Стеврески, вицепремиер и министер за финансии најави дека во следните шест месеци ќе има близу 4.000 нови вработувања во фабриките на странските инвеститори. Следните години се очекуваат над 20.000 вработувања согласно предвидувањата на Светска Банка и на ММФ, но и на Владата.
– Владата во изминатите години покажа дека прави многу како за домашните така и за странските компании во Република Македонија – нагласи заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на пратеничко прашање на Магдалена Манаскова.
Во делот на поддршката на домашние фирми Ставрески посочи дека се направени реформи кои што се однесуваат на даночните олеснувања за водење бизнис, и како што рече Македонија е земја со најниски даноци во светот. Понааму тој се осврна на проектот регулаторна гилотина, а, како што потенцира, инфраструктурните услови се одржуваат на добро ниво, односно се градат автопати и други патишта.
Во делот на реформите што се прават за поддршка на домашните компании, Ставрески го напомена и капиталниот проект „Македонија вработува“, со кој како шо рече, се овозможува бизнисмените да вработат луѓе и неколку години да бидат ослободени од плаќање придонеси.
За странските компании, Ставрески посочи дека нивното влијание е повеќекратно, од воведувањето нови технологии и производството на производи кои имаат поголема додадена вредност, но и образованието со кое што се стекнуваат домашните компании преку сорабоката со странските инвеститори.
Тука исто така го напомена и големиот број на нови вработувања кои што се реализираа токму во фабриките на странските инвеститори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст