Три до четирипати годишно, Меркур поминува покрај Земјината орбита, при што го забавува преминот и дава впечаток дека се врти наназад. Последниот ваков процес годинава започна на 17 септември и ќе трае до 9 октомври.
Во астрологијата, Меркур владее со комуникацијата, патувањето и технологијата, така што во периодот на ретроградниот Меркур, не е чудно ако без повод се скарате со некој, телефонот без причина ви се гаси или ви прави проблеми, немате концентрација на работа…
Затоа, во следните три недели треба:
1. Внимателно да ги прегледате сите важни документи, пред да потпишете нешто;
2. Земете длабок здив пред да кажете нешто (за што подоцна би се каеле);
3. Внимателно прочитајте ги сите пораки, мејлови и документи пред да ги испратите;
4. Направете технички преглед на сите превозни средства што ги користите;
5. Ако треба да патувате или имате важен состанок, тргнете порано за секој случај;
6. Завршете ги сите обврски пред да почнете нови;
7. Испланирајте средби со пријателите и со семејството, но бидете подготвени дека работите можеби нема да се одвиваат според планираното;
8. Бидете сентиментални и потсетете се на старите добри времиња;
9. Завршете со сите нерешени прашања;
10. Овој период е како ревизија на вашиот живот, така што направете пауза и ставете крај на нешто што го одолговлекувавте;
11. Направете бекап на сите дигитални податоци, како фотографии, видеа и важни документи.
Во никој случај:
1. Не купувајте нов автомобил, електронска опрема или уреди;
2. Не потпишувајте договор без детална проверка;
3. Не избувнувајте и не носете предвремени одлуки;
4. Не завршувајте во кревет со поранешниот партнер, заквите средби за време на ретрограден Меркур не носат ништо добро;
5. Не доцнете;
6. Не почнувајте нови работи, без преходно да ги завршите сите претходни обврски;
7. Немојте да подбуцнувате луѓе, да праќате двосмислени пораки или да верувате во се што ќе слушнете;
8. Немојте да озборувате или да ширите непотврдени информации на социјалните мрежи.
Сепак, има и добра страна на ретроградниот Меркур. Ова е совршено време да ги заврши сите заостанати задачи и должности.
Извор: astrostyle.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска ѕирнете низ телескоп: Астро забава на ПМФ
-
Внимавајте што правите, тре почнува озогласениот ретрограден Меркур
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?