| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Дебелината и алкохолот на аларматно ниво во Европа

Пушењето цигари, дебелината и алкохолот во Европа и понатаму се на аларматно ниво, оцени денеска Светската здравствена организација (СЗО).

alkohol

Извештајот за здравјето во Европа кој СЗО го објавува секоја трета година опфаќа 39 земји.

– Во опаѓање се бројот на починатите од незаразни болести како што се рак, кардио-васкуларни болести, дијабетес и хронични респираторни болести. Но Аларматното ниво на пушење, дебелина и употреба на алкохол може да се загрози тој напредок – се вели во извештајот на СЗО.

Според Организацијата, Европа поради ова е веднаш зад американскиот континент.

Околу 59 отсто од жителите на Европа се дебели, а 30 отсто пушат, покажува извештајот на СЗО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top