| четврток, 6 декември 2018 |

Одреден датумот за венчавка, списокот на гости веќе пополнет

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (43) и петнаесет години помладото момче, спортскиот менаџер од Србија, Игор Којиќ, го одредија датумот на нивната венчавка, а свадбените планери веќе работат на случајот.

Свадбата е закажана за 21 ноември и ќе се одржи во хотел во центарот на Белград.

На гостите им биле дадени само 48 часа да одговорат дали планираат да присуствуваат, по што списокот бил затворен, а поканите пратени на печатење.

Невестинскиот фустан ќе биде креација на хрватската дизајнерка и пријателка на Северина, Матија Вуица.

Северина сака кум да ѝ биде Горан Бреговиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top