| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен филмски фестивал во Тетово

Од вчера ( 22-ри септември) во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово почнува четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал Тетово – ТИФФ, во организација здружението „Одао“.

Според претседателот на фестивалот Сабедин Селмани, годинашното издание има три главни делови – работилници што ќе се одржуваат во претпладневните часови, главна натпреварувачка програма на кратки документарни филмови од 14 до 18 часот и вечерни проекциина долгометражни филмови со почеток во 20 часот.

Во официјалната натпреварувачка програма организаторите добиле 984 филмови, а од нив одбрале 45 кои ќе се натпреваруваат за награди на фестивалот. Меѓу учесниците има филмови од училиштето за филм во Хамбург, Германија, а ќе бидат прикажани и документарни филмови поддржани од Филмскиот фонд на Македонија.

– Отворањето на фестивалот е закажано за денеска во 20 часот со проекција на играниот филм „Три прозорци и едно бесење“ од Косово во режија на Иса Ќосја. Следната проекција на долгометражен филм е закажана за четврток кога премиерно во Тетово во соработка со Агенцијата за филм на Македонија ќе биде прикажан филмот „Децата на Сонцето“ од Антонио Митриќески, додека петок е предвиден за филмот „Свет од Албанија“ во режија на Ирис Елези и Томас Логореци. Затворањето на фестивалот и прогласувањето на победниците е закажано за сабота, изјави Селмани.

Тој посочи дека во работилниците што се однесуваат на сценарио, фотографија, режија и организација и менаџмент на филмска продукција ќе учествуваат и домашни и странски познати имиња од филмската индустрија.

Проекциите и работилницитер во рамките на четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал Тетово ќе се одржат во Центраот за култура „Иљо Антески Смок“, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top