| четврток, 6 декември 2018 |

Намален протокот на емигранти

Протокот на емигранти низ земјава последните неколку дена бележи намалување, односно стагнира на бројка која не надминува 3.000 луѓе.

мигранти

 

Според евиденцијата на Меѓународниот Црвен крст и невладините организации, во период од 12 часа, сметано од 19 часот синоќа до 7 часот утрово, од прифатниот камп во Гевгелија на пат за Табановце заминале 3.000 емигранти кои како превозни средства ги користеле трите специјални возови кои тргнуваат од платформата во кампот како и автобусите и такси-возилата кои поаѓаат од паркингот кај мостот на Сува Река.

Активистите на Црвениот крст на емигрантите им поделиле преку 200 пакети со вода, 111 пакети со храна, 107 ќебиња, 45 памперс пелени и 28 пакети со бисквити. Медицинските екипи имале 330 асистенции и 55 интервенции од кои само двајца од емигрантите биле пренесени во општата болница во Гевгелија.

Превозот на емигрантите од Гевгелија до Табановце е канализиран и организиран на високо ниво,така што и во случај на поголем наплив на емигрантите, не се очекуваат тешкотии на тој план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top