| четврток, 6 декември 2018 |

Презентација на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Денеска со почеток во 10:30 часот во  Основното училиште „ Браќа Миладиновци“ во Општина Аеродром ќе се  организира јавен настан на кој ќе биде презентирана Програмата и активностите кои ќе бидат реализирани во рамките на кампањата за поголема безбедност на децата во сообраќајот насловена како „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Bezbednost-na-pesacite-15

На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат:  Државниот секретар во Министерството за внaтрешни работи,  Анастасија Илиеска,  Претседателот на РСБСП м-р Стојче Стаменковски, Високи претставници на ОБСЕ и др.

Во рамките на настанот, ќе се одржат сообраќајно едукативни предавања за децата – учениците и ќе бидат промовирани сообраќајно едукативни материјали за децата изготвени за потребите на оваа кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top