
Стотици лица од Европа, меѓу нив и од Албанија, војуваат во Сирија против претседателот Башар ал Асад, се наведува во студијата изработена од Универзитетот „Кингс“. Во студијата се истакнува дека повеќе од 600 лица од 14 европски земји, меѓу нив и Велика Британија, Австрија, Шпанија, Шведска и Германија, учествувале во конфликтот во Сирија што почна во 2011 година.
Најброен е контингентот од Велика Британија со 134 борци, од Франција се 92, од Белгија 85 и 107 од Холандија. Останатите се од Албанија, од Финска и од Косово. Борците од Европа сочинуваат од седум до 11 проценти од странските трупи во Сирија кои војуваат против режимот на претседателот Ал Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


