| четврток, 6 декември 2018 |

Милановиќ: Србија нема да воведе никакви санкции против Хрватска

Croatian Prime Minister Zoran MilanovicПремиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ, тврди дека Србија нема да воведе никакви мерки против Хрватска, затоа што тоа би биле мерки против Европската унија.

– Хрватска е членка на ЕУ. Србија дури и да сака, нема да може да воведе никакви санкции кон Хрватска, затоа што има договор со ЕУ. Сѐ што ќе направи Србија или ќе помисли да направи, ќе биде против ЕУ. Јас сум сигурен дека тие нема да го направат тоа – рекол хрватскиот премиер.

Тој нагласил дека Србија мора да почне да функционира како држава во поглед на третманот на емигранти и потврдил дека на премиерот на Србија му понудил Хрватска да помогне во превозот на бегалци од нејзината јужна граница до Војводина.

– Го понудив ова како решение и мислам дека е фер решение. Во спротивно, Србија не функционира како држава – рекол Милановиќ.

Тука сме за да завршиме заедно работа додека не се вклучи ЕУ, додал хрватскиот премиер.

– Затоа што за волја на вистината, ЕУ не ѝ дала ништо на Србија. Тоа исто така треба да се каже. Тоа треба да се промени – смета Милановиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top