| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци дека телото ви е под постојан стрес

Тешкотиите од приватниот и професионалниот живот сите ги носиме на грб, но ако сме под стрес секој ден и тоа трае со недели, тогаш внимавајте на вашето здравје.

glavobolka

1. Викенд на главоболки – во неработните денови се уште чувствувате стрес и тоа влијае врз вашето расположение, а имате и физички симптоми. Главоболката е најсилниот симптом од тоа – силните болки во пределот на фронталниот лобус или вратот, односно мигрената, е прв индикатор за акумулација на стресот.

2. Силни менструални болки – жените што се постојано под стрес се многу повеќе склони кон потешки менструации. Причината е лачењето на хормоните.

3. Лоши соништа – тие се знак дека телото е под стрес и сонот станува површен и испрекинат. Лошиот сон со себе повлекува и тешки мисли и грижи. Обидете се да спиете барем 7 – 8 часа дневно и избегнувајте кофеин и алкохол пред спиење.

4. Зголемена желба за благо – кога многу сакате чоколадо и јадете постојано, значи дека сте под стрес, а не дека сте во ПМС.

5. Болки во грбот – необјаснивите болки во стомакот или тешкотиите во желудникот се најчести симптоми на хроничниот стрес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top