| четврток, 6 декември 2018 |

Милан избегна од „готово вересија“ и го победи Удинезе со 3-2

AC Milan v Udinese Calcio - Serie A

Екипата на Милан ја забележа третата победа во Серија А и се искачи на четвртата позиција по некомплетното петто коло. Миланезите брзо поведоа со 2-0 по само 10 минути игра со прекрасниот погодок на Балотели од слободен удар и на Бонавентура, а Запата во финишот на првиот дел зголеми на 3-0. Кога се чинеше дека гостите ја завршија работата по само едно полувреме, играчите на Удинезе возвратија со експресна стрелба и два гола до 58 минута.

Сепак фаворитот не дозволи да направи од „готово вересија“ и до крајот на мечот ја сочува предноста за нови три бода.

Утре се играат преостанатите 8 меча од петтото коло во Калчото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top