Парламентот на Унгарија усвои резолуција со повик кон лидерите на ЕУ да го заштитат континентот и неговото население од последиците на илегалната имиграција, јави ТАСС.
Унгарските пратеници ги обвинија властите на ЕУ дека ја ескалираат имиграциската криза. Бранот илегална имиграција, се заканува да предизвика експлозија низ цела Европа, луѓе да умираат поради неодговорноста на политичарите во Брисел, се наведува во резолуцијата. „
– Европските политичари постапуваат неодговорно, поттикнувајќи ги луѓето да се откажат од имотот и со ризик по животот да се упатат кон Европа кон подобар живот, смета унгарскиот Парламент.
Тие исто така обрнаа внимание на тоа дека земјите од Централна Европа, кои се справуваат со последиците од економската криза, „не можат да си дозволат нови загуби поради необмислената политика на Брисел“.
Унгарските пратеници истакнаа дека Унгарија нема да дозволи илегални имигранти да го поткопуваат пазарот на труд и социјалната безбедност на земјата.
– Имаме право да ја заштитиме својата култура, јазик и вредности, изјавија парламентарците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.