| четврток, 6 декември 2018 |

Постигнат договор: 120.000 бегалци ќе се распределат во земјите на ЕУ

Министрите за внатрешни работи од земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за распределба во Европа на 120.000 мигранти, совладувајќи го противењето на голем број источноевропски земји на предлогот за квоти, соопшти официјален Луксембург, кој претседава со ЕУ.

бегалци

– Одлуката за прераспределување на 120.000 луѓе беше прифатена со големо мнозинство од земјите членки, соопшти луксембуршкото претседателство на Твитер.

Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец прецизира на Твитер дека против оваа одлука, гласале неговата земја, Унгарија, Романија и Словачка, а Финска се воздржала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top