| четврток, 6 декември 2018 |

По само еден потег го замрази цел свет

Мартин Шкрели има само 32 години, но успеа нешто што дури ни политичарите не успеваат за цел живот – после само еден потег, го замрази речиси цела планета.

MSMB Capital Management CIO Martin Shkreli

Тој одлучи да заработи на луѓето кои немаат избор, така што, без некоја посебна причина, преку ноќ, ја зголемил цената на еден спасоносен лек за повеќе од 5.500 отсто.

А зошто? За да заработи пари. Но, и затоа што му се може.

Лекот Дараприм 62 години имаше иста цена од околу 13,5 долари по една таблета, а потоа Шкрели ја откупи  лиценцата за 55 милиони долари. Во прашање е лек на активна супстанца по име пириметамин кој се користи за лекување на заболени од рак, бебиња кои имаат недоволно развиен имунолошки систем, мали деца кои се родени со СИДА и заболени од тропски болести како маларија или токсоплзмоза.

Но, тој одлучи да ја зголеми цената на оваа спасоносна супстанца од 13,5 долари по таблета на неверојатни 750 или 833 долари во зависност од аптеката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top