| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Да се ограничи брзината на движење на возилата на 50 км на час

soobrakaj

СДСМ најави дека на денешната седница на Градот Скопје ќе достават предлог за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

-Да се ограничи брзината на движење на возилата на 50 км на час, да се зголеми бројот на надземни пешачки премини, да се унапреди велосипедската инфраструктура, но и генерално да се подобри вертикалната и хоризонтална сообраќајна сигнализација, сѐ со цел да не ни се случуваат немили настани како што се случи инцидентот пред два три дена со губењето на млад живот на улиците на Скопје – вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top