| четврток, 6 декември 2018 |

Без струја денеска пет скопски населби

ekipa-na-evn-napadnata-vo-tetovska-golema-rechica-117388111

Без електрична енергија во периодот од 7 до 17 часот ќе бидат дел од корисниците од Горно Нерези, како и дел од ул. Козле 1. ( општина Карпош ). Во периодот од 8 до 9.30 часот, објектите на Водовод и Градски гробишта „Бутел“ (општина Бутел ).

Во периодот од 8.30 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Ѓорче Петров – околу Јурија (општина Ѓорче Петров ), во периодот од 8.30 до 16.30 часот корисниците од улиците Ленинова, Апостол Гусларот, Никола Тримпаре, Киро Крстевски-Платник, Дебарца, Коста Шахов и Борка Талевски (општина Центар ).

Без електрична енергија во периодот од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од населба Стопански Двор, како и дел од корисниците од улиците бр. 51 и 52 во населба Волково ( општина Ѓорче Петров). Во периодот од 9.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од село Визбегово ( општина Бутел ) Во периодот од 9.30 до 12 часот, дел од корисниците од ул. Козле лоцирани кај пумпата на Водовод и Канализација – Козле (општина Карпош ).

В четврток од 9.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Стогово, како и дел од корисниците од улиците Јуриј Гагарин и Миле Поп Јорданов (општина Карпош ).

Во периодот од 10 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на бул. Партизански одреди бр. 70б. (општина Карпош ), а во периодот од 11 до 13 часот дел од корисниците од Македонско-косовска бригада (општина Чаир ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top