| четврток, 6 декември 2018 |

Обновен товарниот сообраќај меѓу Хрватска и Србија

соо

Товарниот сообраќај на излез од Хрватска и влез во Србија е отворен, соопшти српскиот Автомото сојуз, пренесува „Танјуг“.

Граничните терминали за товарни возила се отворени денеска во 12.30 по локално време, се наведува во соопштение на Сојузот.

Колоната камиони од српска страна на границата е долга 11 километри, а од страна на Хрватска пет километри.

Пред неколку дена, Хрватска ја затвори границата за товарен сообраќај од Србија, но движењето на патнички возила продолжи непрекинато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top