Германскиот дисконтен синџир на супермаркети – „Лидл“, најави дека следниот месец ќе ги зголеми платите на илјадници свои вработени за најмалку 12 отсто, освен на работниците во Хрватска. Работниците во „Лидл“ на 1 октомври ќе добиваат најмалку 8,2 фунти за час во Англија, Шкотска и Велс, како и 9,35 фунти по час во Лондон.
Работниците на „Лидл“ ќе бидат најдобро платени во секторот на супермаркети, соопштено е од компанијата. Математиката вели дека за еден ден, вработен во „Лидл“ би земал плата од околу 6.300 денари. Од германската компанија додаваат дека платите просечно ќе пораснат за 1.200 фунти годишно, со тоа што зголемување ќе добијат 53 отсто од вкупно 17 илјади работници од сите старосни групи во Британија.
„Лидл“ ги плаќа работниците надвор од Лондон минимално 7,3 фунти за час, додека оние во главниот град добиваат најмалку 8,03 фунти за час.
Новите плати ќе бидат поголеми од задолжителната минимална плата што британската влада се подготвува да ја воведе во април следната година за работниците постари од 25 години. Во „Лидл“ проценуваат дека зголемувањето на платите ќе ги чини дополнително девет милиони фунти годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.