Работите во однос на исполнувањето на договорот од Пржино се одвиваат добро. Очекуваме позитивни чекори и понатаму, за што е потребна напорна работа, компромис, одговорност, како и конструктивен пристап од сите вклучени во процесот, изјави денеска во Скопје британскиот амбасадор Чарлс Гарет.
– Договорот од Пржино сам по себе е големо достигнување и чекорите што се преземени по неговото донесување се големи како што е враќањето на опозицијата во парламентот, договорот за специјалниот обвинител. Но, претстојат уште чекори. Не очекува договор околу изборното законодавство, потоа назначувањата на министерските функции, како и однесувањето на сите политички актери во време на изборната кампања и изборите следната година, кои што за Македонија ќе бидат многу значајни. Засега работите се одвиваат добро очекуваме позитивни чекори и понатаму, но за тоа да се случи ќе биде потребна напорна работа, компромис и одговорност, како и конструктивен пристап од сите вклучени во процесот, рече Гарет во изјава за новинарите по обраќањето на конференцијата „Освојување на граѓанските слободи: од Магна карта до Карта Македонија“.
Министерот за правда Аднан Јашари истакна дека со помошта на експерти од ЕУ, САД постојано се работи на развој на правосудството и правосудните органи кај нас и тоа е на добар пат во однос на транспарентноста, отчетноста и зголемување на неговата независност. Запрашан што се презема во однос на критиките за правосудствотонаведени во извештаите на ЕК, министерот за правда посочува дека сите забелешки и препораки на Комисијата, но и во извештајот на Прибе се предмет на анализи врз основа на кои Министерството веќе изготвило одредени мерки.
– Тие мерки беа претставени во петокот на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и беа поддржани од еврокомесарот. Очекуваме нивна примена и јас сум убеден дека овие мерки што се предлагаат ќе дадат ефекти – рече Јашари.
Конференцијата „Освојување на граѓанските слободи: од Магна Карта до Карта Македонија“ е во организација на Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија во соработка со Британската амбасада. Повод е одбележувањето на 800 – годишнината од потпишувањето на Магна Карта Либертатум – документ кој ги постави основите на владеење на правото и демократијата, принципи кои важат и денес. Документот во превод „Големата карта“ е донесен во 1215 година во Англија, има огромна симболика и се смета за основа на Универзалната декларација за човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст