| четврток, 6 декември 2018 |

Врата усмрти тригодишно дете, со тешки повреди е неговиот шестгодишен брат

Вчера попладне околу 15.00 часот во Скопје, во куќата сопственост на Е.И., при пад на влезната метална врата на куќата, зафатила две деца на возраст од шест и од три години.

Од здобиените повреди детето на возраст од три години починало на местото на настанот додека шестгодишното дете е хоспитализирано во ГОБ„Свети Наум Охридски“, каде што му се констатирани телесни повреди и е задржано на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top