| четврток, 6 декември 2018 |

Почина новороденче старо 10 дена во Велес

Вчера наутро околу 07.00 часот во Итната медицинска помош во Велес без знаци на живот е донесено десет дена старо бебе од страна на Р.Б. (баба на детето).

Докторот настанот го пријавил во полиција, а известен е и јавен обвинител од велешкото Обвинителство, по чија наредба телото на бебето е испратено на Институт за судска медицина за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top