Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин вчера во Москва постигнаа договор за формирање на механизам за координирање на вооружените активности на двете страни, со цел да биде избегната несакана размена на оган во Сирија.
Целта на механизмот е да бидат избегнати недоразбирања меѓу израелските и руските вооружени сили, се наведува во денешното соопштение на канцеларијата на израелскиот премиер.
Нетанјаху нагласи дека Израел планира да ја задржи слободата на дејствување во Сирија.
Според израелските медиуми началникот на Генералштабот на армијата Гади Ајзенкот, кој беше дел од делегацијата на Нетанјаху во Москва, и неговиот руски колега, Валериј Герасимов, се договориле новиот координациски орган да биде раководен од нивните заменици.
Првата средба меѓу замениците на Генералштабовите на двете армии ќе се одржи за две недели, но не е прецизирано местото, ниту интензитетот на средбите.
Координацискиот орган ќе ги следи внимателно воздухопловните, поморските и електромагнетни дејствија на двете земји во Сирија, прецизираа воените претставници по средбата во Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.