| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколен распоред за МЗТ на почетокот на новата сезона во лигата на АБА

Kosarka mzt-rabotnocki 1 (Custom)

Регионалната лига на АБА го објави распоредот за овогодишните натпревари од ова натпреварување, а единствениот македонски преставник, екипата на МЗТ Скопје ќе има пеколен распоред во првите пет кола.
За само десет дена македонскиот шампион треба да одигра дури пет натпревари и ќе треба да помине повеќе од 3000 километри.
Во првото коло МЗТ гостува на Унион Олимпија во Љубљана на 1 и на 2 октомври, а потоа за само два дена во „Јане Сандански“ треба да ја пречека екипата на Металац.
На 6 и на 7 октомври следува дербито во Белград против Партизан, за по само два дена одигра и натпревар со Мега Лекс исто така во Србија. Пеколниот распоред во првите пет кола „металците“ го затвораат на домашен терен против Игокеа, натпревар кој треба да се одигра во терминот од 10 до 12 октомври.

Од поинтересните средби на домашен терен МЗТ ги пречекува Цибона на почетокот на ноември, а за само седум дена во Скопје ќе гостува и актуелниот шампион екипата на Црвена звезда. Актуелниот хрватски шампион Цедевита доаѓа во Скопје во рамките од 13.коло на почетокот на декември, додека Партизан треба да одигра меч со МЗТ во Скопје, една недела пред Нова година.

За тимот од Аеродром ова ќе биде четврта сезона во регионалната лига на АБА. Лани, „металците“ по 26 средби во Јадранската лига завршија на 13 позиција, со седум победи и 19 пораза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top