Кризата со бегалците ја става под сомнеж смислата за постоењето на Европската унија, изјави францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус.
– Европа преживеа многу кризи. Но овој пат причината поради која постои Европа и самото нејзино функционирање се ставени под сомнеж, рече Фабиус во интервју за францускиот весник „Фигаро“, за швајцарскиот „Трибјун де Женев“, шпанскиот „Паис“, италијанскиот „Република “ и белгискиот „Соар“.
– Илузија е да се верува дека секој ќе се извлече, доколку ги врати националните граници. Но, треба да си кажеме чесно дека освен неопходната солидарност со бегалците, не можеме да ги оставиме широко отворени вратите за сите економски емигранти – рече Фабиус.
Тој изрази загриженост за исходот од британскиот референдум следната година, доколку не биде решено прашањето со бегалците.
Фабиус додаде дека решавањето на бегалската криза нема да се случи со национален егоизам, туку со создавање на „центри за прифаќање и идентификување на бегалци во првите земји на ЕУ, во кои емигрантите влегуваат“, со организирање на систем за праведна распределба“ и со помош на „земјите надвор од ЕУ“, кои се на првите линии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.