Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово кај бугарскиот град Ловеч, животот го загуби еден новинар од бугарската новинска агенција БГНЕС, а двајца негови колеги се во болница и во тешка здравствена состојба, јавуваат бугарските медиуми.
Поради несреќата, агенцијата соопшти дека денес нема да објавува вести.
Сообраќајката се случила на патот Софија – Варна на крстосница близу градот Ловеч. Се судриле два автомобила – во едниот биле тројца новинари, кои биле повредени и веднаш пренесени во болницата во Ловеч, но за жал еден таму починал, а другите двајца се во тешка состојба. Возачот на другиот автомобил бил полесно повреден.
Новинарите биле на службен пат за Трново, од каде требало да известуваат од прославата на Денот на независноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил