Не е вест дека во Шведска се живее најубаво, но вест е дека Швеѓаните имаат највисока исплатена дневница во 2012 година, истражил Федералниот статистички завод на Германија.
Вработените во приватниот сектор во Шведска, во просек, за еден час работа се платени по 41,90 евра, а потоа следат Белгија со 40,40, Данска со 39,50, Франција со 34,90 и Луксембург со 34,40 евра. Во самиот врв уште се и Холандија, Финска, Германија, Австрија и Ирска.
Од десет земји со највисока дневница три се скандинавски – Шведска, Данска и Финска, што значи дека во овој дел на Европа работниците најмногу се платени за својата работа.
Од друга страна, на крајот на табелата е Бугарија, каде што работниците во приватниот сектор за еден час работа добиваат 3,70 евра. Во Романија еден час работа се наплаќа 4,50 евра, во Литванија 5,80, Летонија 6,20 и Полска со 7,20 евра.
Работниците во Шведска примаат 13 пати поголема дневница од работниците во Велика Британија. Просекот на висината на дневницата по еден час во ЕУ е 23,50 евра.
Во Македонија, според „Службен весник на РМ“ дневница за осум часа е 800 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!