| четврток, 6 декември 2018 |

На сопругата на умирање и ја испеал омилената песна (видео)

grandma2_3447931b
Американката Ерин Солари на ЈуТјуб објави видео што го снимила во текот на посетата на нејзината баба пред пред да почине.

Нејзиниот дедо Хауард (92) и баба и Лора (93) биле во брак 73 години, а нивната љубов и покрај големиот број проблеми никогаш не престанала.

– Не беше невообичаено на семејните собири еден на друг да си пеат, ја опишува нивната врска Ерин.

Иако поради болеста ослепела, Лора била длабоко загледана во очите на Хауард додека тој ја пеел „нивната“ песна, која првпат и ја испеал пред да оди во војска во текот на Втората светска војна.

– Еден момент пред да почнеме да снимаме, баба ми слушна дека дедо ми е во собата и го замоли да ја гушне. Иако тој не можеше да стои, веднаш стана од количката и се доближи до нејзиниот кревет, а мојата роднина Серена му помогна да остане на нозе додека ја пееше песната, објасни Ерин, додавајќи дека се работи за песната „You’ll Never Know“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top