| четврток, 6 декември 2018 |

Судири меѓу полицијата и емигранти пред прифатен центар во Хрватска

Хрватски полицајци денеска се судрија со група бегалци, кои беа спречени да влезат во новосоздадениот прифатен центар за регистрирање на емигрантите, кои бараат азил во Европа.

Проблемите во кампот почнале со пристигнување пред влезот на центарот на повеќе емигранти отколку што властите можеле да прифатат. Полицијата во хрватското село Опатовац ги оддалечила луѓето од влезот на зградата и побарала од нив да почекаат да дојде нивниот ред.

Хрватска се обидува да воспостави ред во хаосот, кој ја зафати земјата од 15 септември, кога Унгарија ја затвори границата со Србија. Одлуката на унгарските власти ги пренасочи емигрантите кон Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top