| четврток, 6 декември 2018 |

Тешката животна судбина на една од најплатените манекенки

jordaaannn
Таа е прогласена за новата Наоми Кембел и една од најуспешните манекенки на денешницата со заработка од повеќе од 2.4 милиони долари изминатата година.
Каде и да се појави, Џордан Дан дефинитивно го привлекува вниманието на сите присутни, секогаш во совршени комбинации од последните колекции на светските дизајнери.

И додека на секој настан и модно шоу таа изгледа беспрекорно, многу малку луѓе ја знаат нејзината тешка животна приказна со која таа морала да се избори во текот на минатите години.

Нејзиното семејство се преселило во Велика Британија во раните 60 – ти, како имигранти од Јамајка во потрага по подобар живот и перспектива за нивните наследници. Џордан пораснала во местото наречено Гринфорд, во Западен Лондон, сама со нејзината мајка и двајцата помали браќа, откако нејзиниот татко го напуштил семејниот дом додека таа сѐ уште била многу мала.
jordan33
Судбината на сличен начин се поиграла и со Џордан, откако таа останала бремена на само 18 години од нејзиното момче – дилер на дрога, кој бил уапсен два месеци по раѓањето на нивното дете. Нејзиниот син Рајли се родил со многу страшна анемија и нарушување во крвта, нешто што го наследил од неговата мајка Џордан.

Раѓањето на нејзиниот син Рајли се случило во блескавите почетоци на нејзината кариера, откако нешто пред 2007 – та година таа заедно со нејзината мајка го потпишала првиот договор со модна агенција од Лондон и зачекорила на модните писти во Њујорк.

Во 2008 – та година, таа одржа неверојатен говор за прашањето на ангажирање на црни модели во светот на модната индустрија, со што се чини доби и огромно внимание и пофалби од јавноста.

„Тоа беше моето најлошо патување во животот. Моментот кога и ја кажав веста на мајка ми беше неверојатно емоционален. Тоа беше она најтешкото што морав да го направам во животот. Таа ме родила мене многу млада, се обвинуваше себеси дека истото ми се случува и мене, но тоа беше само моја вина“, вели Џордан.

Таткото на нејзиниот син Рајли, тинејџер од Северен Лондон, со кој таа се забавувала неколку години, воопшто не бил човекот со кој таа можела да гради стабилна иднина. Нејзината мајка била таа која и помогнала да го одгледа Рајли, додека неговиот татко бил уапсен за поседување на дрога.

Само 10 недели откако се породила, таа се вратила на модните писти похрабра од кога и да е, иако ќе каже дека се чувствувала многу лошо и тешко одвнатре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top