| четврток, 6 декември 2018 |

По единаесет години во кома, се разбудил и прашал што направил Федерер во кариерата

US Open Tennis

Големиот навивач на Федерер, Шпанецот Хесус Апарицио, на 12 декември 2004 година доживеал сообраќајна несреќа по која паднал во кома, а се разбудил ова лето.
Таа година се случија големи спортски настани. Грција сензационално го освои Европското првенство во фудбал, Аргентина ја славеше олимписката титула во кошарка. На тениските терени младиот Швајцарец Роџер Федерер газеше се пред себе. Таа година освои три грен-слем титули.
По 11 години, на 27 август, Хесус неочекувано се разбудил од кома. Бидејќи бил голем љубител на спортот неговата фамилија веднаш го информирала со „најновите“ вести, а него го интересирало до каде и што прави Федерер.

– Веднаш откако ги дознав главните спортски вести од последните 11 години, нешто како блесок ми светна да прашам за Федерер. Мислев дека веќе е пензиониран, но кога разбрав дека со 34 години сѐ уште игра и дека има освоено 17 грен-слем титули и дека е втор на листата на АТП , помислев дека ме зезаат. Знаев дека е голем играч, но никако не можев да поверувам дека е можно да го освоил сето тоа – изјавил Хесус.

Тој го гледал финалето на Отвореното првенство на САД и бил зачуден од добрата игра на Федерер, иако загуби во финалето од Новак Ѓоковиќ.

– Ме изненади колку добро игра, но и овој Ѓоковиќ е одличен. Се надевам дека ќе можам да изгледам еден натпревар на Федерер во живо пред да ја заврши кариерата. Можеби тоа ќе биде неговиот 18.грен-слем – заврши Хесус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top