| четврток, 6 декември 2018 |

Според психолозите, давање ајпад на бебиња е еднакво на злоупотребување

Давање ајпад на бебиња е еднаково на злоупотребување на децата бидејќи тоа е како да играме „руски рулет“ со нивниот развој, предупредува психологот д-р Ричард Хаус.

Ha-Love-this-Game

Докторот тврди дека електронските уреди како таблети се непотребни, несоодветни и штетни за многу мали деца, посебно за бебиња.

Д-р Хаус, кој ја почна кампањата „Многу рано“ спровел свои истражувања во основите училишта и констатирал дека младите сè почесто се зависни од екраните.

Давањето ајпад на мали деца длабоко ги вознемирува бидејќи на тој начин децата добиваат „искривени искуства за светот“, смета психологот.

Д-р Хаус препорачува децата помлади од две години да не користат никаква технологија, а посебно екрани, а на постарите деца треба да им биде ограничен пристапот до нив.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top