Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува утре во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди. Во исто време на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.
На почетокот на есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.
Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат променливо облачно и потопло време со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, особено во источните и јужните делови на Македонија. Максималната температура ќе достиге до 28 степени.
Есента ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 секунди кога настапува зимата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.