Патниот правец Охрид – Кичево кај планинскиот премин Пресека денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин, а обиколницата околу Скопје ќе биде затворена за сообраќај.
Автомото-сојузот на Македонија информира дека прекинот во сообраќајот на патот Охрид – Кичево ќе биде во временски интервали од 15 до 20 минути поради минирање на патот.
Обиколницата околу Скопје повторно ќе биде затворена од 7 до 19 часот поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.