| четврток, 6 декември 2018 |

Остојиќ: Хрватска ќе ги отвори граничните премини кога Србија ќе престане да праќа бегалци

сид

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави денеска дека граничните премини кон Србија, освен Бајаково, ќе останат затворени се додека Србија не ја промени политиката, според која бегалците ги пренасочува само кон Хрватска.

Остојиќ нагласи дека главна причина за одлуката за затворање на граничните премини е политиката на Белград кон бегалците.

– Отворен е граничниот премин Хоргош, но тие и понатаму сите бегалци го насочуваат кон Хрватска. Сакаме тоа да се промени, изјави Остојиќ, пренесува „Вечерњи лист“.

Технички граничните премини може да се отворат за еден час, но претходно Србија мора да ја промени политиката со која бегалците ги насочува само кон Хрватска, истакна Остојиќ.

Досега во Хрватска влегле речиси 30.000 бегалци, според податоците на Министерството за внатрешни работи на Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top