| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците од ЦЕРН навлегле во трага на „нови димензии и универзуми“?

Научници од истражувачкиот центар ЦЕРН синоќа соопштија дека се на пат на уште едно спектакуларно откритие. Тие успеале да влезат во трага на таинствена „темна материја“, супстанција што никој досега не ја видел иако една четвртина од универзумот е составен од неа.

Откривањето што точно претставува таа материја би отворило нови подрачја на истражување меѓу кои и постоење повеќе универзуми и нови димензии, соопштија научници.

Меѓународниот тим на ЦЕРН соопшти дека и првиот пат наишле на нешто што може да биде прва физичка трага од „темната материја“, за време на 18-месечното проучување на вселенските зраци регистрирани на Меѓународната вселенска станица.

За време на истражувањето, научниците откриле голем број честички позитрони за кои се верува дека се создадени со распаѓање на „темната материја“.

„Темната материја“ е невидлива бидејќи не рефлектира светлост, а откриена е посредно врз основа на нејзиното влијание врз небеските тела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top