| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Наместо Европа без граници, Србија доби Европа со железна завеса

дациц

Србија е против затворањето на границите во ЕУ заради имиграциската криза, изјави денеска во Варшава министерот за надворешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ, кој ја претставува српската Влада во ОБСЕ на конференција посветена на хуманата димензија на проблемот, јави ТАСС.

Имиграциската криза се одразува на европските институции, на Шенген зоната, рече тој, истакнувајќи дека Србија се судирала со фактот на затворање на границата со Хрватска. Колоната камиони на хрватската граница е долга 20 километри, рече Дачиќ.

– Наместо Европа без граници, ное добивме Европа со огромна железна завеса. Тоа се огромни загуби за нашата економија. ЕУ треба брзо да реагира на тие нешта. Границите можат да се затворат само во период на војна, рече тој.

– Во Европа некој дали се интересира што се случува во Србија? А во исто време Србија се покажа како посолидарна од земјите во ЕУ кон бегалците, рече Дачиќ.

Според него, 150.000 бегалци преминале преку српска територија без ниту еден инцидент.

– Во Европа нема никаква заедничка политика што да се прави со нив. Како да дошле од друга планета. Секоја земја дејствува така, како што е подобро од нејзина гледна точка, констатира Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top